Зидан не се „продава“ лесно - одбил понуда од 100 милиони евра!

Францускиот тренер Зинедин Зидан веќе четири години е без работа, откако го напушти кормилото на Реал Мадрид во 2021 година, а сега доби примамлива понуда од Саудиска Арабија, меѓутоа истата веднаш ја одбил.

„Л’Екип“ објави дека Зидан одбил понуда од 100 милиони евра од Саудиска Арабија, затоа што трпеливо чека шанса за селекторската позиција на Франција.

Зидан во изминатите години ги одбиваше и Манчестер јунајтед, ПСЖ и Олимпик Марсеј затоа што сака да ја тренира Франција, а таква шанса очекува да добие по Светското првенство (СП) во 2026 година.

Легендарниот Французин очигледно не планира да се врати на работа во меѓувреме, па го чека пауза барем уште една година, по што би требало да го наследи Дидие Дешам кај „триколорите“.