
Ѓорческа со фантастичен пресврт до трофејот во Куршумлијска бања
Во денешното финале, таа ја совлада Гркинката, Марта Матула со 2-1 (2-6, 6-0, 6-4), благодарение на големиот пресврт во вториот и третиот сет. Голема борба се водеше во третиот сет во кој Матула прва направи брејк и поведе со 2-0, Ѓорческа одговори со три гема во низа, а клучниот брејк го направи во деветтиот гем за водство од 5-4 по што само стави точка на мечот.
Триумфот на турнирот во Куршумлијска бања ѝ донесе на Ѓорческа 16 бода и скок од 16 места на ВТА листата по што таа повторно ќе биде во топ-300.