
На повидок пресврт: Ванда ќе треба да го издржува Икарди - додека не се ожени со друга?!
Како што открива аргентинскиот новинар Густаво Мендез, Икарди е одлучен да докаже дека неговата сопруга била неверна за време на бракот, факт што, според италијанските закони, би можел да има сериозни последици по Ванда.
„Информациите до кои дојдов велат дека, доколку се потврди прељубата , а Мауро е убеден дека ќе се докаже, Ванда ќе мора финансиски да го издржува Икарди сè додека повторно не се ожени“, исткана Мендез.
Икарди наводно подготвува докази за афери на Ванда со тројца мажи, фудбалерите Федерико Фацио и Кеита Балде (чија афера ја потврди и сопругата Симона во телевизиско интервју), како и со пејачот Л-Ганте, со кого, според Мендез, Ванда започнала врска уште во 2022 година.