
Шампионот во Мото ГП потврди: Заминува од Априлија!
Мартин веќе ја известил управата на Априлија дека има намера да замине по оваа сезона. Тој сака да ја активира клаузулата во договорот која му овозможува да се повлече по шестата трка во 2025 година, ако не е конкурент за титулата.
Сепак, повредите кои го мачат цела сезона и го држат надвор од патеката (освен на првата трка во Катар) дополнително ја комплицираат ситуацијата и од Априлија тврдеа дека поради таквата ситуација клазулата станува неважечка.
По неколку недели молк, Мартин конечно се обрати преку социјалните мрежи и според неговата објава тој не го прекршил договорот.
„Во ниту еден момент не го прекршив договорот. Секогаш бев искрен со Априлија. Го ценам моторот, тимот и трудот на сите кои работат на овој проект. Единствено што барам е да се испочитуваат моите желби и духот на договорот кој го постигнавме“, истакна Мартин.
Тој додаде дека не се работи за конфликт или обвинувања, туку за желба да ја расчисти иднината по тежок период во неговата кариера.
„Нема конфликт, ниту вина. Само сакам да гледам напред со јасна слика, по сè што минав и да продолжам да го давам својот максимум, како на патеката, така и надвор од неа.“
Фото: Aprilia/FB