
Барса дефинитивно извиси: Тах го избра Баерн!
Германскиот дефанзивец официјално го напушти Баер Леверкузен и потпиша четиригодишен договор со шампионот Баерн Минхен. Во баварскиот гигант доаѓа како слободен играч имајќи предвид дека му истече договорот со Баер.
Баерн ќе биде четврти клуб во Германија за 29-годишниот стопер кој професионалната кариера ја почна во Хамбургер, една сезона помина на позајмица во Фортуна Дизелдорф, а потоа десет години во Баер. Од 2016 година е член на германската репрезентација за која одигра 35 натпревари.
Тах ќе има можност да настапи и на Светското клупско првенство кое почнува на 14 јуни, а на кое Баерн е во групата Ц, со Окленд Сити, Бока Јуниорс и Бенфика.