Чаир закажа финале против Ѓорче Петров во Купот на Македонија

Ракометарките на Чаир триумфираа против Металург Автокоманда со 22-20 и се пласираа во финалето на Купот на Македонија, каде што за титулата ќе се борат против Ѓорче Петров.

Првото полувреме го одбележа израмнета игра од двете екипи, а Чаир тргна кон победата во финишот, кога влезе во серија и поведе со 21-17 по што Металург не успеа да ја врати неизвесноста до крајот на средбата.

Теодора Дукоска беше најефикасна кај Чаир со осум голови, додека Марија Јанкуловска запиша пет погодоци за Металург Автокоманда.

Финалето меѓу Чаир и Ѓорче Петров се игра в сабота од 16 часот во салата „25 мај“ во Радовиш.

Фото: Facebook/WHC ÇAIR