
Ново име во Кратово: Силекс се засили со Миљан Говедарица
Станува збор за крилен напаѓач кој пристигнува од редовите на Славија Сараево за која во минатата сезона беше еден од најдобрите стрелци во Првата лига во Босна (второ по ранг натпреварување) со постигнати 19 голови на 29 натпревари.
Во кариерата настапуваше уште за Слобода Тузла и Олимпик од неговата татковина, како и за српскиот Доњи Срем. Креток период помина во украинскиот Кривбас и швајцарскиот Нешател.
Пред него Силекс го потврди трансфeрот на Португалецот, Мигуел Переш кој го засили средниот ред.