НБА ѕвезда во центарот на голем скандал – силувал и малтретирал девојка!

Кошаркарот на Њу Орлеанс Пеликанс, Зајон Вилијамсон, се најде во центарот на скандал поради сериозни обвинувања изнесени против него во тужба поднесена во Врховниот суд во Лос Анџелес.

Според документите до кои дојде „ESPN“, тужбата ја поднела жена под псевдонимот „Џејн До“, која тврди дека имала врска со Вилијамсон од 2018 до 2023 година, почнувајќи од неговите студентски денови на Универзитетот Дјук. Во пријавата, таа наведува дека за време на нивната петгодишна врска била изложена на „сексуална, физичка, емоционална и финансиска злоупотреба“.

Во тужбата, составена од 12 страници, се наведуваат вознемирувачки детали, вклучително и тврдења дека Вилијамсон преку вооружен телохранител ѝ се заканувал со оружје и ѝ упатувал смртни закани во периодот од 2020 до 2023 година. Дополнително, наводно им се заканувал и на нејзините родители, ја следел преку нејзината локација и контакти, и испраќал пријатели за да ја надгледуваат. Обвиненијата вклучуваат и неовластено влегување во нејзиниот стан, како и прегледување на нејзините лични работи.

Од Вилијамсон и неговиот правен тим засега нема официјална реакција. Случајот е во рана фаза, а јавноста со интерес ги следи развојот на настаните околу еден од најпрепознатливите кошаркари во НБА лигата.

Фото: New Orleans Pelicans/X