Пелистер го комплетира тимот: Потпиша договор и со еден од најстандардните

Екипата на Пелистер која летово доби и ново раководство продолжи со комплетирање на тимот за наредната сезона, па така го продолжи и договорот со еден од најстандардните во изминатата сезона, Вилдан Керим.

Керим кој има 30 години во кариерата настапуваше за повеќе македонски клубови, но исто така собираше искуство во Косово и Турција.

Во изминатата сезона беше еден од најстандардните во битолскиот состав со одиграни 27 натпревари во кои постигна два гола и додаде три асистенции.

Ќе потсетиме, Пелистер во текот на вчерашниот ден го потврди и ангажманот на Стефан Спировски кој се очекува да биде големо засилување во новата сезона.