Официјално: Стефан Спировски се врати во Пелистер!

Македонскиот прволигаш Пелистер денеска промовира големо засилување за следната сезона, откако потпиша договор со искусниот фудбалер Стефан Спировски.

Спировски се врати во својот матичен клуб, каде што играше од 2007 до 2009 година, а во следната сезона ќе треба да помогне во остварување на амбициите на битолскиот тим.

Македонскиот фудбалер во кариерата играше и за Вардар, Борац Чачак, Работнички, но го носеше дресот и на тимови во Унгарија, Ерменија и Грција.

Спировски во дресот на Македонија настапи на 55 натпревари, а беше дел и од Европското првенство (ЕП) во 2021 година.

Фото: ФК Пелистер