Сензација: Ал Хилал го исфрли Манчестер Сити од СКП! (ВИДЕО)

Во меч кој се играше 120 минути, Ал Хилал предводен од Симоне Инзаги со 4-3 го победи Манчестер Сити, еден од главните фаворити е исфрлен од Светското клупско првенство.

Ал Хилал го направи најголемото изненадување досега, успеа да го помине Манчестер Сити кој целеше на титулата.

Мечот почна добро за Сити, поведоа со гол на Бернардо Силва уште во деветата минута и ништо не наговестуваше луд тек на натпреварот. Со тој резултат и заврши првото полувреме.

Но, по само неколку секунди игра во второто полувреме Маркос Леонардо го изедначи резултатот на 1-1, а во 52. минута Малком погоди за комплетен пресврт и водство на Манчестер Сити од 2-1.

Три минути подоцна Ерлинг Халанд даде гол за изедначување на 2-2. Тоа беше конечниот резултат по 90 минути игра, мечот отиде во продолженија.

По четири минути игра во продолженијата Кулибали даде гол со глава и го врати водството на Ал Хилал.

Во 100. минута од играта влезе Фил Фоден и само четири минути подоцна даде гол за израмнување на 3-3.

Течеше 112. минута кога Маркос Леонардо постигна нов гол, овојпат тој погодок значеше победа на Ал Хилал од 4-3.

По последниот судиски свиреж фудбалерите на Ал Хилал се радуваа на четвртфинале,а Манчестер Сити си оди со многу прашалници кон Англија.

Наместо четвртфинале Интер - Манчестер Сити кое сите го очекуваа, таму ќе се сретнат Флуминенсе и Ал Хилал.