
Марота откри: Зборовите на Лаутаро посебно биле упатени кон еден соиграч!
Аргентинецот критикуваше велејќи дека одредени фудбалери не го дале својот максимум.
„Сакам да се борам за најголемите титули. Кој сака да остане во Интер, одлично и ајде да се бориме. Кој не, може да замине. Потребни ни се фудбалери кои сакаат да бидат. Носиме важен дрес и мора да имаме голем менталитет, ако немате нешто такво, ве молам заминете“, гласеше изјавата на Лаутаро.
Искрен по поразот беше и директорот Бепе Марота кој потврди дека тие зборови биле посебно упатени кон Хакан Чалханоглу.
„Да, зборовите на Лаутаро беа упатени кон Хакан. Но, нема да го осудиме веднаш, ќе разговараме“, изјави Марота.
Ќе потсетиме, Чалханоглу во последниот период се поврзува со заминување од Интер и наводно негова желба е да ја продолжи кариерата во Галатасарај.