Големата надеж на Челси ја заврши кариерата на 28 години!

Поранешното „чудо од дете“ на Челси, Чарли Мусонда објави дека се повлекува од професионалниот фудбал на само 28 години.

Белгискиот фудбалер на кого му се предвидуваше голема кариера и го споредуваа со Еден Азар во најдобрите денови донесе тешка одлука и поради бројните повреди повеќе нема да игра профеионално фудбал.

„Не е лесно, но тоа е нешто за кое размислувам долго време. Откако размислив за воите искуства и за тоа кој сум, сфатив дека сакам да живеам на начин со кој ќе инспирирам и ќе мотивирам други“, истакна Мусонда.

Откри дека посебно тешко му паднало заминувањето од Челси.

„Заминувањето од Челси ментално ме уби. Тоа беше најлошата работа која ми се случи. Се вратив од тренинзи со резервите, бев пресреќен што можам повторно да играм, но работите се искомплицираа пред почетокот на наредната сезона. Тоа беше крајот на моето време во Челси“, емотивно призна Мусонда.

Се потсети и на средбата со Тухел кој во тоа време беше предводник на „сините“.

„Само ми кажа: „Како си? Се радувам што повоторно те гледам“. Во мојата глава тоа значеше дека ќе се вратам во првиот тим, но предсезонските припреми донесоа поинаков епилог“, зборуваше фудбалерот.

Во кариерата Мусонда одигра само неколку натпревари за Челси, а констатните повреди и позајмици во Реал Бетис и Витесе не му овозможија континуитет.