
Преговорите започнале: Maнчестер јунајтед има нова идеја за засилување во нападот
Воткинс зад себе има сезона во која одигра 38 натпревари во Премиер лигата и во нив постигна 16 гола и запиша осум асистенции.
Некои од најпознатите медиуми и новинари пишуваат дека Манчестер јунајтед веќе стапил во контакт со Астон вила, но и со самиот фудбалер. Првите разговори за можен трансфер на англискиот голгетер на „Олд Трафорд“ се случиле во текот на преговорите за иднината на Маркус Рашфорд кого Астон вила не се одлучи да го откупи.
Според најавите Манчестер јунајтед речиси сигурно ќе се раздели со Расмус Хојлунд, па тоа ја отвора можноста за преселба на Воткинс на „Олд Трафорд“.