
Алонсо добива големо засилување за натпреварот со Јувентус!
Мбапе допатува со тимот во САД, но не настапи на ниту еден натпревар во групната фаза поради здравствените проблеми, но сега изгледа е подготвен.
Французинот започна со тренинзи пред натпреварот со Салцбург, меѓутоа Алонсо не сакаше да брза со неговото враќње на теренот.
Во отсуство на Мбапе одлично се покажа Гонзало Гарсија кој од младинскиот тим доби шанса во првиот состав, а член на „кралевите“ е во изминатите 11 години. На Светското клупско првнество во три настапи постигна два гола и запиша една асистенција.