Газдата на Ал Хилал по победата над Сити плачеше како мало дете (ВИДЕО)

Првиот човек на Ал Хилал Фахад бин Нафел не можеше да ги сокрие емциите и воодушевувањето по големата победа над Манчестер сити, па беше снимен како плаче на трибините.

Ал Хилал со резултат 4-3 по продолженија го елиминираше англискиот гигант и тоа беше најголемата победа во историјата на овој клуб. Какво значење имаше најдобро покажува реакцијата на претседателот на клубот кој плачеше како мало дете.

Во четвртфиналето Ал Хилал ќе игра против бразилскиот Флуминензе кој преходно го исфрли Интер. Тој натпревар на програмата е в петок од 21:00 часот.