Mинтатиот викенд ја збриша Швјонтек, а сега доживеа шок уште во првото коло на Вимблдон!

Во вториот ден на Вимблдон видовме големо изненадување во женска конкуренција каде што елиминирана уште во првото коло беше Џесика Пегула и тоа од Италијанката, Елизабета Кочарето.

Пегула стигна со големи очекувања на Вимблдон откако минатиот викенд го освои турнирот во Хамбург победувајќи ја Ига Швјонтек.

Но денеска третата светска тенисерка беше далеку од своето препознатливо ниво и го загуби мечот со 2-0 во сетови (6-2,6-3). Мечот траеше помалку од еден час, само 57 минути.

Италијанката која е 116. тенисерка на ВТА листата успеа да освои 56 поени, а Пегула 35, па така триумфот беше апсолутно заслужен.