Лаутаро по шокантниот пораз до соиграчите: Ако не сакате да бидете тука – заминете!

Фудбалерите на Интер со поразот од Фламиненсе (2-0) го завршија својот настап на Светското клупско првенство, а овој пораз тешко му паднал на напаѓачот Лаутаро Мартинез.

Вицешампионот на Италија не одигра добар натпревар, па така мораше да се помири со елиминација уште во осминафиналето.

На Мартинез не му се допаднало како одредени фудбалери на „нераѕурите“ се однесувале на теренот и тоа не го криеше.

„Сакам да се борам за најголемите титули. Кој сака да остане во Интер, одлично и ајде да се бориме. Кој не, може да замине. Потребни ни се фудбалери кои сакаат да бидат. Носиме важен дрес и мора да имаме голем менталитет, ако немате нешто такво, ве молам заминете“,  порача Мартинез по натпреварот.