Барди ќе остане во Турција - добил понуда од друг суперлигаш!

Македонскиот репрезентивец Енис Барди си замина од Бодрум, но според медиумите ќе остане во турската Суперлига откако добил понуда од Ризеспор.

Барди играше за Трабзонспор пред да се пресели во Бодрум на почетокот на годината, но тимот испадна во понизок ранг, па време е за нов предизвик за македонскиот репрезентативец кој се очекува наскоро да потпише договор со друг турски суперлигаш.

Искусниот фудбалер минатата сезона настапи на 31 меч во сите натпреварувања, а притоа постигна два гола и четири асистенции за неговите екипи.

Ризеспор ја заврши сезоната на деветтата позиција со 49 бодови, односно беше блиску до позициите кои водат во европските купови.