Маркез имаше успешна операција по тешкиот пад во Холандија (ФОТО)

Возачот на Гресини, Алекс Маркез имаше операција по тешкиот пад од мотоциклот на трката за Големата награда на Холандија.

Шпанскиот мотоциклист ја скрши левата рака при падот на патеката, по што мораше да оди на хируршки зафат и се очекува да биде подготвен за следната трка.

Наредната трка во Мото ГП шампионатот се вози за Големата награда на Германија од 11 до 13 јули.

Фото: X/Gresini Racing