Флуминенсе го шокира Интер и обезбеди четвртфинале на клупското СП (ВИДЕО)

Светското клупско првенство понуди уште едно големо изненадување, и тоа повторно во осминафиналето, каде што Флуминенсе славеше со 2-0 против Интер.

Флуминенсе имаше почеток од соништата, затоа што само по три минути стрелаше Херман Кано за предност од 1-0, по што Интер не успеа да одговори. Казната можеше да стигне во завршницата од првото полувреме кога Игнасио стрелаше за 2-0, но погодокот беше поништен поради офсајд.

Двете екипи беа активни на теренот и во второто полувреме, но „нераѕурите“ не го пронајдоа патот до мрежата на Флуминенсе, затоа што голманот Фабио беше расположен.

Победата за бразилскиот клуб ја обезбеди Херкулес, кој стрелаше во третата минута од судиското надополнување.

Флуминенсе во четвртфинале ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Манчестер сити и Ал-Хилал.

Фото: EPA PHOTO