
„Имаме голема предност против Ла Фиорита, но дојдовме тука за да победиме!“
Данел Донгмо кажа дека имаат почит за ривалот, но и големо водство, меѓутоа и покрај тоа ќе одат на победа против Ла Фиорита.
„Победивме 3-0 првиот меч и тоа е добар капитал пред утрешниот меч. Дојдовме тука да победиме. Ги респектираме, но секако ќе одиме на победа. Атмосферата во тимот е одлична, зборуваме цело време како ќе победиме и се надевам дека ќе го оствариме тоа“, кажа Донгмо.
Реваншот меѓу Ла Фиорита и Вардар се игра в четврток од 21 часот.