
Ливерпул почна преговори за ѕвезда на Реал Мадрид!
Родриго е на излезна врата од Сантијаго Бернабеу, тој го загуби првотимскиот статус во финишот од сезоната во Реал Мадрид, а ниту Чаби Алонсо нема да смета на него судејќи по минутажата која му ја даваше на Светското клупско првенство.
Бразилецот долго време се поврзуваше со Арсенал, но Ливерпул е тој кој прв влегува конкретно во преговори со Реал Мадрид.
Наводно црвените веќе ги почнале разговорите со кралскиот клуб. Реал Мадрид иако сака да го продаде Родриго, не планира евтино да се откаже од него.
Реал Мадрид бара околу 100 милиони евра за Родриго, но се верува дека со преговори таа сума ќе биде спуштена.
Засега Ливерпул е фаворит за потписот на Родриго, но ќе зависи од тоа како ќе се одвиваат преговорите меѓу двата клуба.