Македонија Ѓорче Петров се засили со искусен напаѓач од БиХ

Eкипата на Македонија Ѓорче Петров продолжи да се засилува за сезоната во која се враќаат во Првата лига и денеска го промовираа искусниот напаѓач од БиХ, Мирсад Рамиќ.

Станува збор за напаѓач кој целата своја кариера ја поминал во босанскиот фудбал каде што настапувал за повеќе клубови, а последниот ангажман го имаше во редовита на Игман Коњиќ.

Тој е петтото засилување за тимот на  „лавовите“ по потписот на Дарко Глишќ, Мартин Талаков, Мухамед Елмас и голманот Ристо Јанков.

Македонија Ѓорче Петров го промовираше и Французинот Сила, но тоа повеќе беше маркетиншки потег на тимот од Ѓорче.