
Филмската приказна за засилувањето на Македонија ЃП стана хит и во регионот (ФОТО)
Причина за тоа е филмската приказна позади овој трансфер, кој се оствари по неколкудневно кампување на Сили пред стадионот на ѓорчепетровци.
„Сила спиел пред клупскиот камп во шатор, а кога тимот имал тренинзи, подигнувал натпис на кој пишувало: 'Ве молам, дајте ми шанса'. Овој необичен метод не остана незабележан, бидејќи видеата кои ги објавуваше на својот Инстаграм профил набргу собраа илјадници лајкови. Македонија ЃП на крајот одлучи да му даде шанса, а во средата го претстави како нов член на екипата. Го пречека посебен момент – играчите застанаа во шпалир и го поздравија со аплауз додека тој трчаше меѓу нив“, пишува хрватски Индекс (види ТУКА), а сличен беше текстот и во 24сата (види ТУКА).
Французинот веше тренира со новиот прволигаш, но допрва треба да докаже дека освен сенсот на маркетинг има и фудбалски квалитет, кој би му донел професионален договор.