Комити допатуваа во Сан Марино да му дадат поддршка на Вардар! (ФОТО)

Навивачката група на Вардар, „Комити“ од Скопје допатува во Сан Марино на мечот на нивниот тим против Ла Фиорита во рамките од реваншот од првото квалификациско коло во Конференциската лига.

Членови на навивачката група „Комити“ со автобус допатуваа во Сан Марино да ги бодрат своите миленици кои со предност од 3-0 го почнуваат денешниот реванш меч.

Вардарци ќе имаат поддршка и од навивачите кои сигурно ќе ги надвикаат мирните фанови на Ла Фиорита кои не се повеќе од 500 на број.