
Скандал: Светската рекордерка во маратон суспендирана поради допинг!
Оваа одлука беше потврдено од АУИ, независносто тело на светската атлетика и тоа претставува еден од најголемите скандали во актуелната сеозна.
Од АУИ соопштија дека Чепнегетич која е актуелна светска рекордерка паднала на допинг тест напавен на 14 март оаа година.
Во нејзиниот примерок бил откриен диуретик и супстанца хидрохлоротиазид (ХЦТЗ), фармацевтски препарат што се користи за лекување на висок крвен притисок и задржување течности, но се наоѓа на листата на забранети супстанции затоа што може да се злоупотреби за прикривање на присуство на други допинг-средства.
Фото: EPA