Модриќ потпиша за Милан, па стана партнер со Снуп Дог

Лука Модриќ и покрај тоа што е активен на фудбалските терени, сега како фудбалер на Милан, одлучи и да инвестира во англискиот клуб Свонси каде што доби интересен партнер.

Имено, познатиот рапер Снуп Дог му се придружи на хрватскиот ветеран и купи акции во клубот кој се натпреварува во англискиот Чемпионшип.

Раперот веќе е поврзан со Свонси бидејќи беше модел за опремата која ќе ја носат фудбалерите за оваа сезона.

Покрај Модриќ и Снуп Дог поголем дел од акциите во Свонси поседуваат Брет Крават и Џејсон Кохен.