
Андора ќе има два тима во второ коло од КЛ - ние останавме само со Вардар!
Разочарувачки беа елиминациите на дебармаалци и кратовачни, а за нас посебно е поразителен фактот што Андора во второто квалификациско коло ќе има два претставника, еден повеќе од нас.
Санта Колома успеа да го елиминира Борац Бања Лука кој вечерва победи на гости со 0-2, но тоа не беше доволно бидејќи тимот од Андора во првиот натпревар приреди сензација и славеше со 4-1.
Вториот тим од Андора, Атлетик Ескалдес до второто коло успеа да стигне откако на гости го победи Дундеелаж со 2-3 и така со вкупни 2-5 си го обезбеди второто коло.
Ќе потсетиме, Македонија има претставник во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите каде што Шкендија ќе игра со Стеауа од Романија откако го елиминираше ТНС.
Но, токму Стеауа се намачи против уште еден тим од Андора, екипата на Интер Ескалдес која во вториот натпревар победи со 2-1, но Романците закажаа пресметка со тетовскиот клуб поради триумфот од 3-1 во првиот дуел.