Лех немоќен, чудо треба да се случи Звезда да не игра плеј-оф за ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Црвена Звезда по вечерашната победа од 1-3 на гости во Полска против Лех Познање дојдоа многу блиску до пласман во плеј-офот за Лигата на шампионите.

Белградскиот гигант беше многу подобар противник во текот на целиот натпревар, а победата беше најавена со голот на искусниот Раде Круниќ по само девет минути игра.

Иако без некаква посериозна игра и без шанси, домаќините израмнија од првата посериозна прилика кога со волеј погоди Ишак на десетина минути пред крајот на првиот дел.

Второто полувреме имаше сличен почеток како првиот дел и Круниќ го постигна својот втор гол во 51. минута.

Лех тешко ја поминуваше на средината на теренот и често се играше на половината на полскиот состав, а таквата игра донесе и трет гол во мрежата на Полјаците, стрелец беше Дуарте во 74. минута. Со овој трумф Звезда си обезбеди одлична предност за реваншот кој е на програмата за седум дена во Белград.

Фото: Crvena Zvezda/FB