Лех ја провоцираше Звезда со поранешен фудбалер на Партизан (ФОТО)

Црвена Звезда вечерва го игра натпреварот од третото коло во квалификациите за Лигата на шампионите против Лех Познањ, а пред почетокот на натпреварот во Полска стигна провокација за црвено-белите.

Имено, домаќините пред стартот на средбата испратија мала провокација до гостите со пркажувањето на актуелниот спортски директор на клубот, Томаш Жaса во дресот на Партизан.

Жаса е поранешен фудбалер на најголемиот ривал на Звезда, но сигурно не е случајност што неговиот лик беше прикажан токму во црно белиот дрес.

Покрај фотографијата беше испишана и порака.

„Томаш Жаса одигра многу натпревари за Партизан, најголемиот ривал на Звезда, стана миленик навивачите“, пишуваше на екранот.