Клубот кој го сака Ангеловски има проблем – не може да го избрка тренерот!

Во изминатите денови во албанските медиуми се појави информација дека поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски е блиску до клупата на Приштина, но во косовскиот клуб изгледа владее голема конфузија.

Имено, иако беше објавено дека стратегот Арсим Таќи е разрешен од тренерската позиција, тој одново се врати на тренизните па и ја водеше екипата на денешниот пријателски натпревар.

Интересно, е што во претходните неколку дена Таќи го немало на тренинзите и со тимот работел неговиот помошник Блерим Буњаку.

Наводно, раководството инсистирало на негова смена, меѓутоа Таќи како што се нааведува во медиумите одбивал да го напушти клубот и самоиницијативно се појавил на тренинзите барајќи клубот да го почитува новиот договор.

Навистина ситуација која е тешко да се објасни, па ќе видиме како во наредните денови работите ќе се развиваат и дали ќе се отвори простор Ангеловски кој без ангажман е од јули 2023 година.