Шкупи не одговори дали има 15 професионалци, но објави старт на сезоната!

Eкипата на Шкупи поради проблемите со кои се соочува е во фокусот на вниманието пред самиот старт на новата сезона во ПМФЛ, која започнува викендов.

По обвинувањата за местење натпревари и проблемите со исполнување на ВАР условите на нивниот стадион во Чаир, раководство се соочи проблем во исполнувањето на потребната бројка пријавени фудбалери за новата сезона.

Наводно, во клубот од Чаир на само 48 часа пред стартот немало пријавено 15 фудбалери за дербито со Шкендија, а по оваа информација набрзо се огласи и Шкупи. Но, екипата од Чаир не одговори дали има 15 фудбалери на располагање, туку само вообичаено го најави натпреварот.

Останува да почекаме до петок кога на програмата е дербито со Шкендија од 17:00 часот и да видиме дали натпреварот ќе започне во предвидениот термин или пак Шкупи ќе има проблем кој може да доведе и до исфрлање од првенството.