
Без услови, нема фудбал: ФФМ му забрани на Шкупи да игра на Чаир!
Но, како што информираат од ФФМ, не сите клубови се подготвени за новитетот. Предводникот на макфудбалот, Масар Омерагиќ, еден од стадионите што не ги исполнуваат минималните услови за користење на ВАР е тој на Шкупи во Чаир и покрај тоа што клубот бил навремено информиран и имал обезбедена техничка поддршка од федерацијата.
„Шкупи не го исполни својот дел од обврските – не се поставени платформите за камерите, ниту е обезбедена климатизирана просторија, што беше јасно посочено уште пред извесно време. Поради тоа, нема да добијат дозвола да играат на стадионот во Чаир и ќе мораат да најдат алтернативно решение“, изјави Омерагиќ на денешната презентација на системот.
Од оваа сезона, сите натпревари од Првата лига ќе се играат исклучиво на стадиони кои се технички подготвени за ВАР – услов што клубовите мораа да го исполнат пред стартот на првенството. Сите останати стадиони, според ФФМ, се подготвени за користење на видео технологијата.
Шкупи во првото коло ќе гостува кај Шкендија во Тетово, но веќе во второто, каде што треба да биде домаќин, ќе мора да одигра на друг, соодветен стадион.