Ѓоковиќ меѓу шесте „кралеви“ што ќе се борат за саудиските милиони

Од 15 до 18 октомври во Ријад ќе се одржи егзибицискиот турнир „Шест кралеви“ на кои ќе учествуваат шесте најголеми тениски ѕвезди во моментов.

Меѓу нив и Новак Ѓоковиќ иако српскиот ас можеби дотогаш нема да се наоѓа на шестото место на АТП листата на кое е во моментов. Покрај него, ќе ииграат уште Јаник Синер, Карлос Алкараз, Џек Дрејпер, Тејлор Фриц и Александер Зверев.

Титулата од лани ќе ја брани Синер кој тогаш во финалето го победи Алкараз. Победникот заработува шест милиони долари нето, а за самото учество, секој тенисер ќе добие уште 1,5 милион. Лани учествуваше и Рафаел Надал кому тој настап му беше меѓу последните во кариерата.