
Суперкомпјутерот пресмета кој ќе биде шампион на Премиер лигата
Ако му се верува, титулата ќе ја одбрани Ливерпул кој последната сезона доминантно стигна до трофејот. Во топ-4 нема да има промени бидејќи прогнозата е дека второто место повторно ќе го освои Арсенал, третото Манчестер Сити, а четвртото Челси. Првата позначајна промена е на петтата позиција на која суперкомпјутерот смета дека ќе се најде Астон Вила, на местото на Њукасл кој таму заврши последната сезона.ж
Прогнозата е поразителна за Тотнем и Манчестер Јунајтед кои повторно нема да бидат не само во конкуренција за европските купови, туку во горниот дел од табелата затоа што за Спарс е предвидено е 14., а за „ѓаволите“ 12. место.
Сепак, оваа прогноза секако мора да се земе со резерва бидејќи лани беше предвидено шампион да стане Манчестер Сити, па „граѓаните“ на крајот го освоија третото место.