
Не чекаше многу, Сон има нов клуб!
Сон пред три дена се збогуваше со лондонскиот клуб и во солзи го напушти натпреварот со Њукасл кој се играше во Сеул, а публиката го испрати со силни овации.
„Многу сум горд што се приклучувам на Лос Анџелес кој е клуб со големи амбиции. Станува збор за клуб со богата историја и тука сум да помогнам да испишуваме нова историја. Возбуден сум за овој нов период. Доаѓам тука за да освојувам трофеи и да дадам се од себе за овој клуб, градот и навивачите. Со нетрпение чекам да излезам на теренот“, изјави Сон.
Сон го напушти Тотнем по цели десет години во кои постигна 173 голови во сите натпреварувања и додаде 101 асистенција, а во сезоната 2021/2022 стигна и до „Златната копачка“ во Премиер лигата.
Фото: Tottenham Hotspur/X