Можните ривали на Шкендија ремизираа, едвај си шутнаа на гол

Лудогрец и Ференцаврош кои се можните ривали на Црвена Звезда за плеј-офот во Лига на шампиони или Лига Европа вечерва одиграа натпревар во кој речиси и да немаше ништо за издвојување и заврши без голови.

Единствениот момент за издвојување е моментот од 23 минута кога Жозеф ја погоди мрежата на Лудогорец, но тој негов погодок беше поништен поради недозволена позиција. Во продолжение видовме само уште еден шут во рамките од голот од домашниот состав, а некоја посериозна прилика немаше.

Шкендија ќе потсетиме, вчера загуби во Скопје од Карабах со 0-1 и сега ја чека реваншот во Азербејџан на 12 август.

Фото: Ferencvárosi Torna Club/FB