Романија ја потврди победата во Куманово со растурање на Унгарците!

Репрезентацијата на Романија дојде многу блиску до пласман во квалификациите за Светското пвенство откако по триумфот во Куманово со Македонија, вечерва беше подобра и од Унгарија со 76-64.

Со оваа победа, Романците покажаа дека играта која ја прикажа против нас во Куманово не била случајност и сега имаат прилика во вториот дуел со Македонија на 13 август со триумф да обезбедат пласман во мундијалските квалификации.

Денеска Романија во поголем дел од натпревар, повеќе од 20 минути беа во предност и во првото првиот дел во еден момент водеа со десет поени разлика, сепак, Унгарија се врати и на пауза се замина со 42-42 на семафорот.

По враќањето на теренот Романија продолжи со подобрата игра која започна во финишот на првиот дел и веќе некаде кон средина на третата четвртина започнаа да го трасираат патот кон победата кога со неколку мини-серии си направија сигурно водство кое го задржаа до крајот.

Најефикасен беше Михал Макјуч со 21 поен и седум скока од Романија, а го следеше Попа со 11. На спротивната страна најрасположение беа Золтан Перл со 15 и Нејт Руверс кој додаде еден помалку.

Кога е Македонија во прашање, овој резултат би одел во наша полза, но само ако ја победиме Унгарија во натпреварот кој се игра в сабота од 18:00 часот.