Крај на сагата: Дарвин заминува, Ливерпул чекор поблиску до најголемата желба

Фудбалерот на Ливерпул, Дарвин Нуњез кариерата и дефинитивно ја проолжува во Саудиска Арабија во редовите на Ал Хилал.

Ливерпул и Ал Хилал се договорија саудискиот клуб да плати отштета од 53 милиони евра уште претходно и се чекаше само уште „да“ од Уругваецот, а сега се е договорено.

Нуњез ги договорил личните услови ќе стави потпис на договор од три години и во наредните денови, веројатно и до крајот на оваа недела би можел да пристигне на лекарски прегледи.

Дарвин во Ливерпул пристигна пред три години од Бенфика како големо засилување, а за него „црвените“ платија сума од 87 милиони евра, но не успеа во целост да ги исполни очекувањата.

По овој договор и преселбата на Исак за кого Ливерпул треба да плати сума од над 120 милиони евра е поблиску до реализација.

Фото: Liverpool FC/X