Ристовски и Елези добиваат големо засилување – поранешен фудбалер на Рома и Интер!

Екипата на Сарајево е на добар пати да добие огромно засилување во пресрет на новата сезона – српскиот интернационалец Адем Љајиќ, кој се очекува наскоро да му се приклучи на тимот во кој настапуваат македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Агон Елези.

Тој, наводно, ги договорил сите детали од трансферот и веќе утре ќе биде официјално промовиран како нов играч на клубот од Кошево. Босанскиот тим и лани сакаше да го ангажира Љајиќ, но дури сега ја доби битката и покрај тоа што летово имаше шпекулации за негово враќање во Партизан. Љајиќ доаѓа по кратката епизода во Нови Пазар, каде неодамна го продолжи договорот до 2026 година, но реши да замине по елиминацијата од Европа и незадоволството од стартот на сезоната.

Станува збор за фудбалер со богато интернационално искуство од настапите во Серија А во екипите на Рома и Интер и турската Суперлига во дресот на Бешикташ, кој може да направи разлика. Неговото доаѓање е потврда дека Сараево станува сè поатрактивна дестинација за квалитетни играчи од регионот, што секако е заслуга и на нашиот Крсте Велкоски, кој од неодамна ја извршува улогата на спортски директор во овој клуб.

ФОТО: EPA PHOTO