
Реал најде замена за Модриќ - тоа ќе биде најскап трансфер во историјата на клубот
На екипата ѝ е потребен „диригент“ на центарот на теренот и по се изгледа Реал го најде во ПСЖ. Станува збор за португалскиот репрезентативец Витиња кој блеска во парискиот тим и е меѓу најзаслужните за освоената тројна круна претходната сезона. Чаби Алонсо се надеваше дека ќе успее да го донесе Родри, но откако тоа не се случи, фокусот е на 25-годишниот плејмејкер кој игра одлично во ПСЖ.
Сепак, на сите им е јасно дека нема воопшто да биде лесно да се доведе еден од главните играчи во составот на Луис Енрике. Во краен случај, ПСЖ не би се согласил за помалку од 130 милиони евра што и не е голема сума за таков фудбалер.
Ако успее да го донесе во своите редови, Реал би го соборил клупскиот рекорд кој во моментов изнесува 127 милиони, а го држи Џуд Белингам.