
Шкупи нема пријавено 15 професионални фудбалери - има 24 часа рок или ќе биде исфрлен!
Имено, како што пренесуваат албанските медиуми, дербито помеѓу Шкупи и Шкендија во првото коло е под знак прашалник затоа што Шкупи сѐ уште нема пријавено 15 фудбалери за учество во новата сезона.
Ова е само уште е проблем со кој се соочува управата на Чаир откако во изминатиот период прво дојдоа обвинувањата за местење натпревари, а потоа и денешната потврда дека единствено нивниот стадион не ги исполнува условите за користење на ВАР, па затоа домашните средби нема да може да ги играат во Чаир, секако ако ги решат проблемите со пријавување на фудбалерите.
Натпреварот помеѓу Шкендија и Шкупи се игра в петок со почеток од 17:00 часот и клубот има рок од 24 часа за да ги заврши административните работи, во спротивно може да се соочи со исфрлање.