
Ѓорческа без мака го мина првото коло во Куршумлијска Бања - одигра половина меч!
Ѓорческа одлично тргна во мечот, првиот сет го доби со 6-2, поведе и во вториот со 1-0, а тогаш романската тенисерка се предаде поради повреда.
Во следното коло Ѓорческа ќе игра со подобрата од Италијанката Паганети и Русинката Золотарева.
Македонската тенисерка е седма носителка на овој турнир.