Фудбалерите на Силекс беа блиску, но сепак победата од 2-1 не беше доволна за второ коло, па така кратовчани станаа вториот македонски претставник по Работнички кој го заврши настапот во Европа ова лето.

Дечиќ во Скопје допатува со предност од 2-0 од првиот натпревар на свој терен и таа предност се покажа како клучна за пласманот во второто квалификацико коло.

Не започна добро натпреварот за македонскиот вицешампион бидејќи гостите уште во третата минута преку Стриковиќ стигнаа до водство.

По примениот гол Силекс беше тимот кој имаше иницијатива и повеќе напаѓаше, па така Алиќ израмни по половна час игра.

Во вториот дел Дечиќ комплетно се повлече, меѓутоа Силекс постигна само уште еден гол преку Хрвановиќ на десетина минути пред крајот и тоа не беше доволно.