Екипата на Работнички не успеа да направи чудо и со уште еден пораз (0-1) од Торпедо Белаз сега во Скопје на арената „Тодор Проески“ го заврши својот настап во Европа ова лето.

Тешко беше да се надеваат дебармаалци на нешто повеќе по поразот во првиот натпревар во Унгарија со 3-0, а денеска не беа ниту блиску до некаков сензационален прeсврт.

Гостите беа подобар противник во текот на целиот натпревар и ја контролираа играта на теренот, а единствениот гол на натпреварот го постигна Алфред во 14. минута од средбата.

За Работнички настапот во овие квалификации беше прв во Европа по пауза од седум години, но на крајот и брзо го завршија. Претходно последниот двомеч во Европа го одиграа против Хонвенд во 2018 година во рамките од квалификациите за Лига Европа.