Трагедија: Загина човекот кој скокна од вселената!

Човекот кој скокна со падобран од вселената, Феликс Баумгартнер го загуби животот за време на парагладинг на брегот на Јадранот.

Австриецот починал на 57-годишна возраст во несреќа која се случила во летувалиштето, Порто Сант’Eлподио, објави римската „Ла Република“.

Баумгартнер летал со параглајдер кога ја изгубил контролата и паднал поради веројатно чувство на слабост или сцрвев удар.

Тој паднал во хотелски базен врз жена која во таа прилик била повредена, но според информациите нејзината состојба е стабилна и не станува збор за ништо сериозно. Според неофицијалните информации, Баумгартнер во моментот на падот бил без знаци на живот.

PHOTO; EPA