Европа вакво нешто не памети: Упатија 60 удари на гол и надополнија минус од четири гола!

Вечерва првото коло од Конференциската лига бевме сведоци на еден од најголемите пресврти во европските натпревари кој го режираше ХЈК со триумфот од 5-0 против Рунавик од Фарски Острови.

Рунавик во првиот натпревар на свој терен забележа сензационален триумф од 4-0 и по вечерашниот натпревар се очекуваше да следи големо славје во оваа земја, но место тоа беа сведоци на вистинска спортска трагедија и нешто што не се памети.

Проблемите за гостите започнаа уште во 15. минута кога Нес заработи црвен картон, а само три минути подоцна Лингман погоди за водство.

Тоа беше единствениот гол во првиот дел. Во второто полувреме прво стрелаа Ринг и Хостинк на десетина минути пред крајот.

Кога изгледаше дека сепак фудбалерите на Рунавик ќе издржат Антазулас постигна гол за 4-0  со што го одведе натпреварот во продолженија, а таму херој беше Хостик кој го постигна и својот втор гол.

Треба да се каже и дека домаќините оваа средба ја завршија со неверојатни 60 удари кон противничкиот гол, додека Рунавик имаше само три и ниту еден во рамките од голот.