
Маневски: Мора да бидеме претпазливи, Ла Фиорита има добра транзиција!
Вардар вечерва со почеток од 21 часот гостува во Сан Марино кај Ла Фиорита во реванш натпреварот од првото квалификациско коло во Конференциската лига.
Вардарци првиот меч го добија со 3-0, па се очекува да имаат лесен реванш, но Маневски вели дека треба да се биде претпазлив, особено да се обрне внимание на транзицијата на противникот кој покажа дека тоа им е најсилната страна.
„Тука сме веќе два-три дена, атмосферата е на високо ниво. Сега подобро го познаваме противникот. Во мечот ќе влеземе како да немаме предност. Мора да бидеме претпазливи бидејќи во првиот дел од натпреварот во Скопје имавме проблеми, мора да го дадеме максимумот. Резултатот од 3-0 реално треба да ни овозможи еден полесен резултат, но не смееме да ги потцениме“, вели Маневски.
Бекот на Вардар вели дека мора да се внимава на транзицијата на противникот кој покажа дека тоа им е најсилното оружје.
„Во Скопје видовме дека имаат добра транзиција, имаат брзи играчи во нападот и тоа е една од работите кои мора да ги спречиме за да ја оствариме целта“.