
Вардар без Талевски против Ла Фиорита!
Вардар вечерва со почеток од 21 часот ѝ гостува на Ла Фиорита во реванш натпреварот од првото квалификациско коло од Конференциската лига.
Црвено-црните имаат предност од 3-0 изборена на првиот меч во Скопје, па се очекува денеска да имаат мирен реванш.
Седлоски се соочува со проблеми поради повредени играчи. Последната информација е дека Михаил Талевски отпадна поради повреда, а од иста причина мечот ќе го пропуштат и Најдовски и Фаустин Сегнор.